Веќе екс министерот Дамјан Манчевски беше гостин во Еден на Еден кај Жаре. Манчевски откри низа приказни од професионалниот и од приватниот живот, досега непознати за јавноста.
Во приказните на Манчевски се најде и Влатко Ѓорчев од редовите на ВМРО ДПМНЕ, за кој раскажа дека го знае од средно училиште и во еден период семејно се дружеле:
-Влатко е мој, но и школски другар на мојата сопруга. Ние приватно многу сме се дружеле, а од редовите на опозицијата има и други луѓе со кои имам исклушително добар однос, рече Манчевски.
Досега најголема пресвртница во неговиот живот, бил моментот кога решил да се повлече од политиката и одлуката му ја соопштил на лидерот на СДСМ и премиер на нашата држава, Зоран Заев.
„Прво веста ја споделив со мојата сопруга, а потоа од партиските функционери прв на кој што му се јавив беше Зоран Заев со кого сме пријатели. Му велам добив понуда за работа приватно, па на крај дури тој ми беше советник во преговорите со фирмата.
Жаре му постави прашање на Манчевски да каже за гледачите, кога го има видено Зоран Заев најрадосен во животот, на што тој откри интересен момент.
„Имавме доста напори и проблеми да ги отвориме скоро сите и немаше шанса да ги преслушаме сите. Тоа беше невозможно, дали 30-40 посто успеавме да преслушаме. Другото го однесовме и предадовме во СЈО.
И да, тоа беше тешко, заглавивме и не знаевме дали ќе продолжиме со пресовите каде што ги објавуваме. Но успеавме да ги отвориме и одам во канцеларија да му кажам на Заев. Тој кога слушна стана и колут напред пред мене направи од среќа.”