Османи-Мицотакис: Грција останува доследен поддржувач за Mакедонската Eвроинтеграција

Прочитај за: < 1 минута

Билатералните односи, европската перспектива и спроведувањето на договорот од Преспа беа меѓу главните теми на средбите во Атина кои шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ги одржа со грчкиот државен врв..

Грција може да биде најдобар пријател на Македонија и нејзин најголем сојузник – порача грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас по средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Дендиас кажа дека Грција ја пречекала Македонија во НАТО, и ги поддржува евроинтегративните перспективи на земјава врз основа на новата методологија. Европската Унија како што кажа тој, има обврска да го одржува проширувањето на маса, во спротивно според него би се отворила можност за дестабилизација на регионот. Но, сепак не заборави да го спомене и Преспанскиот договор и побара негово целосно спроведување.

Според него, кристално јасно било тоа што се случувало во антиката и побара од Османи тоа да го пренесе македонските граѓани.

,,Поголем напредок е потребен. Од една страна за спроведувањето и конзистентната употреба на името и терминологијата од сите јавни институции и приватни субјекти.

Вклучително и веб-сајтови. Од друга страна пак за отстранување на програмата за антиквизација.Отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на јавни патишта и институции. Драг министер, мораме да кажам дека кристално јасно во договорот од Преспа е тоа што се случувало во антиката и едно нешто е јасно.

Со цела должна почит, вашите сонародници, вие го прифативте тоа, не војувале со Александар Велики. Тие не биле присутни во битката кај Граник, кај Ис, во Гавгамела.”

Повеќе >> kanal5.com.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE