Интересна сторија на новинарот Саше Ивановски – Политико, објавена на порталот Мактел. Според пишуваното, Ивановски тврди дека сведоци потврдно го виделе ливчето на кое се откриваат три извори на пари кои Груевски му ги предочил на Мицковски пред заминување за Будимпешта.
Во целост ја пренесуваме сторијата на Макетел:
Сведоци кои го виделе ливчето за Мактел ни открија три извори на пари кои Груевски му ги предочил на Мицковски пред заминување за Будимпешта:
– 2,5 милиони евра од скопска градежна фирма
– 1,7 милиони евра од битолска градежна фирма која работи со РЕК
– 140 000 стан сопственост на партијата во Скопје но се водел на физичко лице
Изворот за Мактел ни вели дека сите овие пари со сигурност се земени од Мицковски но прашање е колку од нив легнале на сметка на партијата а колку во приванти џебови.
– Вакви ливчиња Груевски му праќа редовно на Мицковски, вакви извори на црни пари има десетици и затоа Мицковски одбива да се огради од Груевски затоа што со овие пари Мицковски ја финансира партијата но и медиумите кои работат за партијата. Груевски не праќа пари од Будимпешта, украдените пари се тука во земјава, на сметки на фирми и физички лица кои се опариле од 10 години режим и сега е ред да вратат дел од украденото за да се вратри Груевизмот пак на власт! Партијата и Груевски поседуваат снимки, докази, сметки, документи за овие фирми и бизнисмени и практично ги рекетираат, ако одлучат да не го дадат делот што му следува на ВМРО ќе бидат обелоденети во јавноста и оцрнети – ни вели изворот кој е поранешен висок функционер во партијата и добро ги знае овие работи.
– Проблемот со овие пари е многукратен. Наместо да се раскрсти со Груевски и со мафијата, партијата е роб на Груевски и е вмешана со мафијата за која ветува дека ќе ја расчисти. Проблемот е што Мицковски дел од овие пари зема за свои потреби, и затоа не сака да си замине од партијата иако вети дека ако биде поразен ќе си замине. Се работи за големи суми на пари од кои боли глава и затоа ни за жива глава не помислуваат да си заминат од раководните позиции на ВМРО ДПМНЕ, спремни се и физички да се пресметаат со членството кое бара промени за партијата конечно да се врати на власт по 4 порази по ред на сите можни избори, локални, претседателски, парламентрни… – ни вели изворот.
Мактел му верува на изворот, се работи за сериозен човек кој има углед во земјава. Оставаме можност партијата да демантира во текот на денот, ако ни пратат демант ќе го објавиме како дел од оваа сторија.
Извор: Мактел