Денеска, со нови демогогии и лаги на тема енергетика се јави Христијан Мицкоски човекот кој беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски, во време кога цената на струјата порасна до 100 отсто, реагираше денеска СДСМ на обвинувањата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека СДСМ е виновникот за покачените цени на струјата.
„Мицкоски денес уште еднаш покажа дека е голем незнајко и голем манипулатор. Имено, тој во едно исто обраќање цената на струјата најпрво ја споредуваше најпрво со висината на платите во земјата, за потоа да ја споредува со светските цени на продажба на струја. Овие две споредби се неспоиви, а Мицкоски до сега требало да знае дека струјата има и свои светски, берзански цени и токму поради тоа нејзината цена ја утврдува независна регулаторна комисија“, стои во реакцијата на СДСМ.
Социјалдемократите велат дека за време на нивната влада растеле платите, а во времето на владеењето на ВМРО-СПМНЕ растела цената на струјата.