Реакција на Лиса Баута Шаќири, која во неколку наврати изминатиов период, го афирмираше соживотот меѓу Албанците и Македонците, а знаеше и да осуди некои постапки на функционерите од владеачката албанска партија:
„Драги Албанци, а и Македонци и сите народи што живееме тука.
Г. Апасиев оцигледно не може да се помири дека албанец може да биде министер за надворешни работи.
Исто така, Апасиев не може да сфати дека ниту една политичка фигура не смее да преговара за идентитетот на македонците, ниту па може да одлучи “чиј е Гоце” или како се вика јазикот на кој зборуваат македонците.
Бугарските власти моментално добиваат некој поен таму кај нивните гласачи со некоја си дебилна реторика, па сега Османи бил крив!
Апасиев треба да сфати една работа, а таа е многу едноставна: се додека е фас-хистицки, национал сх-овинистицки настроен према албанците, најдобро е да не им се обрака!
Нека се присети дека албанците ниту еднаш, во никаква прилика, не оспориле ниту знаме, ниту јазик, ниту име а ниту црква!
И пред апелот на Апасиев ние бевме и ќе останеме тука рамо до рамо со нашите сограѓани македонци исто (а дури и по сплотени ) како векови наназад! Слобода на говор, а не говор на омр-аза!”