Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека лицата што се во изолација ќе се следат преку мобилна апликација која во моментов се изработува по примерот од европските земји.
„Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството за администрација и информатичко општество, веќе се изработува една апликација по примерот на повеќе европски земји. Мислам дека е нешто што навистина може да користи, посебно во некои делови земјата“,рече Филипче.
Апликацијата ќе биде презентирана во јавноста веднаш по нејзиното техничко изготвување.
Непочитувањето на мерката за самоизолација е казниво по член 206 од Кривичниот законик за непочитување на здравствените прописи за време на епидемија.