Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за БНР откри дека ниту тој, ниту неговата колешка Екатерина Захариева, од четвртокот немаат добиено никаква повратна информација од властите во Скопје, како одговор на понудата за анекс на Договорот за добрососедство.
– Минатиот вторник имавме средба со премиерот Зоран Заев и со дел од македонските министри, а уште наредниот ден одржавме онлајн конференција. Ние тогаш ги испративме барањата за анекс кон постоечкиот Договор, но од четвртокот па наваму немаме никаква вест од Скопје, па оттаму е се поизвесно дека Бугарија нема да дозволи одржување на првата Меѓувладина конференција во декември, изјави Каракачанов.
Тој додаде дека Бугарија ќе го поддржува евроинтегративниот пат на Македонија, но откако земјата ќе го исполни Договорот од 2017 година. Одговарајќи на прашањето за евентуално руско влијание за ваквата одлука, тој вели дека станува збор за „глупости“.
Повеќе >> Слободен Печат