„Секоја глупост бара алиби, а ставот на Захариева не е ништо друго, освен глупост. Обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, која мислам дека повеќе ѝ наштетува на Бугарија отколку на Северна Македонија, се обидува да ги измести тезите. Она што се случи во Скопје на 13, односно 14 ноември е изложба од Белгија со поставка за Тито и ништо повеќе. Сега, барајќи алиби за сопствената глупост се изместуваат тезите и се прават обиди да се објаснат необјаснивите позиции на Бугарија за почеток на преговорите на северна Македонија со ЕУ“, изјави Шилегов во разговор за бугарската ТВ Европа.
На прашањето за коментар дека во ослободувањето на Скопје учествувале и бугарски војски, односно Првата бугарска армија, Шилегов вели дека Скопје го ослободиле партизански единици на НОВ, придружувани од дел од трансформираната бугарска окупациска војска.
„Она што се случило во ‘41 година е окупација на Македонија од царската бугарска војска која во ‘44 заради сплет на околности се трансформирала во ‘отечествен фронт‘. Тоа се работи кои де факто се случилео и не треба да мижиме пред тоа, но да се зборува дека окупаторите кои се трансформираа во ‘отечествен фронт‘ го ослободиле Скопје е непринципиелна позиција, тие биле затекнати тука како окупциски војска и ја следеле глобалната политика на Бугарија во тој период. Треба да се погледне малку поинаку сопствената позиција. Не може да се избегне дека Бугарија била колаборатор со фашистичка Германија“, одговара Шилегов.
Тоа, според водителот, е историски факт, но неговото прашање е како изгледа бугарската позиција да не биде третирана како окупатор туку како бугарска администрација во тогашна Македонија.
Повеќе >> Nova TV