Поранешната Министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не знаела што потпишува кога во УБК била формирана комисијата што ја уништи опремата за прислушувањето.
Таа ова го рече денеска пред судот на сведочењето за случајот Таргет-Тврдина.. Јанкуловска е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.
Екс Министерката за внатрешни работи ја префли вината за работата на комисијата на нејзините членови.
Овинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков, тврдеше дека нема ниеден доказ дека илјадниците снимени разговори се од управата и дека таму се вршело прислушувањето.
Покрај нив, обвинети се и поранешниот началник на петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од управата.
Извор: 24.mk