Лидерот на Гром Стевче Јакимовски им се обраќа на безбедносните служби кои што го чуваат премиерот Заев.
Пораката од Јакимовски до тајните служби:
“Ветото си го добивме, а можеби и така ни требаше заради отрезнување. Не дека ликувам, туку ова е уште еден факт дека при носење на крупни одлуки за нацијата мора да се биде внимателен.
На пример, Вучиќ вели: „Хвала нашој разозавачкој служби која ме на време информисала да че корона бити двадесет пута јача него што је била у пролече и зато за четри месеца изградили смо две нове ковид болнице“. Исто така Вучиќ вели:„ Наши разузнавачи су ме информирали за садржај разговора која треба да водимо са Доналдом Трампом“.
Што ова покажува?
Па српските служби си ја работат својата работа дури имаат и медицинско разузнавање. Аналогно на ова нашите разузнавачки служби уште во 2017-та требаше да ја разоткријат намерата на Борисов кога Заев го потпишуваше договорот, дека ке биде превеслан. Ај што тој е превеслан ни ја прелажаа и понижија целата македонска држава. Епа браќа Македонци разузнавачките служби на Заев се бават со опозицијата. Секојдневно ми вртат околу куќа како да сум Осама Бин Ладен. Државен непријател број еден!
Слепци едни не сум му ја непријател на Заев туку братот Бојко. Ваша задача не е да го чувате Заев туку нацијата.
И шу праиме сега? Испадна дека Заев и компанија воопшто немале договор. Лист харија која не вреди ништо, а тврдеше дека било „ол инклузив“. Така велеше тој, тоа беа негови зборови.
Ако имаме трунка достоинство, малце акал, образ и чуство за одговорност, фино и лепо ке си се собереме во парламентот и ке си го поништиме овој договор. Бидејки вчерашниот ден покажа дека со листот хартија кој го потпиша Заев можеме само да си го избришеме задникот.”