Единствена Македонија: Целосна национализација на приватни болници, хотели, возен парк и други објекти во борбата со коронавирусот

единствена македонија
Прочитај за: < 1 минута

Единствена Македонија бара целосна национализација на приватните болници, хотели, возниот парк и други соодветни објеки во сопственост на македонските тајкуни, а кое нешто е потребно во ова тешко време со здравствената катастрофа.

Истовремено, за Единствена Македонија не е прифатлив вчерашниот предлог на Советот за безбедност за управување само со приватните болници од државата, но, со плаќање од буџетот. Ова е крајно неморална и неправична мерка, бидејќи, општо познато е како се збогатија македонските газди на болници и хотели со тендери и привилегии од сите власти во изминатите 30 години, а посебно транзициските бандити во криминалната и нечесната приватизација и постприватизација со грабеж на народниот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

Оттука, сега е моментот македонските газди да се одолжат на државата и народот со ставање на приватни болници, хотели, возниот парк и други соодвети објекти, бесплатно и без никаков надомест во функција на заштита на здравјето на народот. На тој начин и македонските тајкуни на конкретен начин ќе покажат дека се на страната на народот. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но, и на смртни слуачи. Сега е најважно здравјето на народот.

Единствена Македонија очекува од владата прифаќање на оваа мерка, која всушност е реафирмирање на нашиот предлог од мај годинава и кој има основ во Уставот на Република Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE