Секој што на пописот ќе се изјасни како Бугарин да добие пасош по брза постапка – вакво писмо до државниот врв во Софија испратил т.н. културен центар „Иван Михајлов“ од Битола.
Ваквото барање во писмото го оправдуваат со тоа што тврдат дека тие во земјава се соочувале со дискриминација и стравуваат јавно да го искажат својотнационален идентитет. Доказ за тоа според нив бил фактот дека илјадници граѓани во земјава се декларирале како Бугари за да добијат државјанство, но на пописот се изјаснувале како Македонци. Тоа според нив би било променето доколку се поедностави процедурата за добивање на државјанство, со што тие би биле заштитени од дискриминација.
-Затоа се обраќаме до властите во Бугарија да ни помогнат да добиеме безбедност за оние Македонци кои сакаат мирно и слободно да се регистрираат како македонски Бугари. Бараме радикално поедноставување на постапките за добивање бугарско државјанство, што ќе нè заштити од притисокот на бугарофобијата. – стои во нивното писмо
Барањето наиде на експресен одговор од бугарскиот Претседател Румен Радев, кој даде поддршка до идејата и побара навремена реакција од соодветните институции во Бугарија, но и во Македонијаза како што посочи, Бугарите кои се соочуваат со проблеми во земјава.
-Бугарските институции треба да ги олеснат постапките за стекнување бугарско државјанство за оние кои отворено го изјаснуваат својот бугарски идентитет. Институциите кај нашиот југозападен сосед треба да го гарантираат правото на нашите сонародници да се само идентификуваат како Бугари по потекло, во согласност со принципите на меѓународното право.
За сега бугарскиот претседател е единствениот кој излезе со став за барањето на културниот клуб во Битола, но не и премиерот Борисов или пак шефицата на бугарската дипломатија Захариева до кои писмото исто така беше адресирано
Повеќе >> kanal5.com.mk