
Универзитетската професорка Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил реагираше за бегството на Мијалков и посочи дека би ја ослободила екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која е меѓу малкуте функционери на ВМРО-ДПМНЕ што издржува затворска казна.
-Јас сега веднаш би ја ослободила Гордана Јанкуловска. Само таа имаше мaди*а да не побегне туку да си отслужи казна затвор. И очигледно само таа нема испокрадено толку многу за да си обезбеди добар живот во бегство, напиша таа.