Поранешниот премиер на Македонија и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил им ја честиташе победата на македонските ракометари кои ја остварија вечерва против репрезентацијата на Украина.
Тој во својата објава се пошегува и дека ова е добра шанса да се направи уште еден пријателски разговор со Порошенко, алудирајќи на пранк разговорите кои сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев ги имаше со комичарите Вован и Лексус, а мислеше дека всушност ги остварува со Петро Порошенко.
„Честитки за победата на репрезентацијата на Македонија во ракомет против Украина. Прва утакмица на ова европско првенство и прва победа. Шампионите не се откажуваат од Македонија! Добра прилика да се направи уште еден пријателски разговор со Порошенко :)“, напиша Груевски.