САД под водство на ДОНАЛД ТРАМП со ИСТОРИСКИ најниска невработеност последните 50 години
Според извештајот за 2019 година во САД во Декември бројот на работни места се зголемил за нови 145.000, што е нешто помалку во однос на проценките од економистите кои очекувале дури 160.000 ново отворени работни, додека пак процентот на невработено население е 3.5% што е историски најниска стапка на невработеност во последните 50 години.
Оваа бројка се должи на мерките и политиките на Претседателот Доналд Трамп кој по негово доаѓање на власт прво што стори е намалување на корпоративниот данок од 36% на 21% што беше драматично ослободување и растеретување на компаниите за цели 15% данок, а пак што доведе до враќање на компаниите кои во период на Барак Обама го преселиле својот бизнис во Кина и други држави. Оваа даночна реформа беше проследена и со укинување на бројни регулативи кои го гушеа стопанството, а што пак доведе до отворање на нови работни места и тоа најмалку по 100.000 секој месец што е исто така историски рекорд за Америка од времето на Роналд Реган.
Во исто време, платите на вработените на ниво на цела Америка пораснаа за 2.9%
Денес за прв пат берзата го достигна својот највисок индекс на тргување, факт кој беше очекуван повторно на политиките на Претседателот Доналд Трамп.
Ниски даноци и дерегулација на пазарот е патот по кој треба да се движи и Р.Македонија доколку сака да постигне значаен успех во привлекување на нови странски инвестиции, отворање на нови работни места, а со тоа на платите кај постоечките работни позиции.
“Ние имаме силен пораст на работни места во последдните неколку години и покрај трговската војна со Кина“ изнесе Грегори Дако од Оксфор Економикс.
Извор: Њујорк Тајмс