ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на лидерот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.
ВМРО-Народна партија смета дека како посебен и уникатен партиски субјект немаме ништо општо со оваа партиска гарнитура на ДПМНЕ па сходно на тоа препорачуваме Вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата и помеѓу Вас.
Особено зачудува фактот што вакви лаги и невистини ги изнесува човекот кој девет години организирал низа криминални активности за кои слушавме во прислушкуваните материјали или таканаречените „бомби“ па сметаме дека и во иднина се што ќе произнесе овој човек со сомнително минато е под знак прашалник, знаејќи како функционирал додека беше дел од власта на Никола Груевски.