Филипче: Премиерот Заев носи целосно исправни одлуки кои се за најголема почит

Прочитај за: < 1 минута

Министерот Венко Филипче со поддршка за премиерот Заев:

Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја.

Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит.

Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија.

Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме.


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE