Бранко Црвенковски е историја, искажаните ставови на Заев се ставови на СДСМ

Прочитај за: < 1 минута

Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев се ставови на СДСМ, му одговорија од владејачката партија на поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски.

Поранешниот премиер и претседател на државата Црвенковски, денес побара партијата да се огради од ставовите на Заев искажани во интервјуто за бугарската државна агенција „БГНЕС“, за кои рече дека ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.

Во партиското соопштение се вели дека Црвенковски е историја и дека секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Од таму додаваат дека ова раководство на партијата избрало да носи храбри и патриотски одлуки, кои ја движат македонската држава кон исполнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ.

„Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори. Обраќањето на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, после долги години молк и немање став за важни државни или национални прашања, нека го толкуваат граѓаните. Дали е тоа принципиелен однос кон својата партија и кон членството на СДСМ, ќе ценат членовите на СДСМ и граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

Повеќе >> sdk.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE