Дали во моментов најголемата опозициска партија е коректор на актуелната власт, она што е основна задача на секоја силна опозиција. Води ли Мицкоски правилна политика?
-Во моментов, СДСМ прави што сака и на последните анкети според нивните извори водат пред ВМРО-ДПМНЕ со 5.4%, а според извори од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ води со 6,4%. Рејтингот на Заев е дупло поголем од рејтингот на Мицкоски. Ова е резултат на политиките на Мицкоски. Дали се правилни тие политики или не, проценете сами. Ваквата непопуларност на ВМРО-ДПМНЕ кај гласачите се должи на понудата која опозицијата им ја дава. Очигледно е дека понудата на идеи е слаба, неатрактивна и непрепознатлива за мнозинството граѓани.
Што можеше поинаку да се направи со оглед на тесниот резултат на последниве избори со само двајца пратеници разлика?
-Во Македонија преовладуваше мислењето дека оној, кој ќе го промени името на државата ќе се збогува со својата политичка кариера. Сведоци бевме дека Заев го реши ова прашање и граѓаните на избори го верификуваа тоа со двајца пратеници повеќе за СДСМ. Јас неколку пати повторив. Доколку ВМРО покажеше вештина и храбро излезеше на референдумско изјаснување, а притоа им објаснеше на граѓаните дека шансите да победиме се мали, но постојат, сега ВМРО ќе беше препознатливо и немаше да падне под 450.000 гласа.
Какви промени се потребни во партијата за да има силна опозиција?
-Потребна е опозиција која има став, но исто така мора да ја препознае потребата за конструктивно учество во носењето на системските закони, за да не дојдеме во ситуација во која еден системски закон ќе се менува 10 пати во 5 години.
Повеќе >> Вечер