Според анкетниот лист што премиерот Зоран Заев го доставил до Антикорупциската комисија кој е јавно достапен, македонскиот премиер Зоран Заев нема никаков личен имот ниту пари кои што му се на располагање.
Единствено што му е запишано како личен имот во извештајот се 4 милиони и 300 илјади денари или околу 70 илјади евра кои што Заев ги нема кај себе туку ги побарува како долг од непознат граѓанин кому му ги позајмил пред 8 години кога беше градоначалник.
Тие 70 илјади евра според листата се стекнати на “друг начин”.
Буквално целиот друг имот што го пријавил е на неговите родители, на сопругата или децата.
Во извештајот до ДКСК Заев не открива дали заштедил нешто од околу 75 илјади евра земени за 50 месеци на име плата како премиер.
Меѓу пријавениот имот го нема ниту скапиот мотоцикл со кој што во повеќе наврати се сликаше и го прикажуваше пред јавноста.
За споредба, неговиот албански колега Еди Рама има проценето богатство од 200 милиони евра скриено во оф-шор сметки, пари, наводно, акумулирани преку мито добиено во замена за градежни дозволи помеѓу 2000 и 2011 година, кога тој беше градоначалник на Тирана.
Целиот официјален имот на Заев на линкот на антикорупциската комисија