Единствена Македонија: Заев ги претвора државните органи во испостави за партиските вработувања на ДУИ

Јанко Бачев, единствена македонија, зоран заев
Прочитај за: < 1 минута

Скандалозно е вчерашното објавување на начинот на кој ќе се распоредуваат 1.349 вработувања според проценти, кои десет години седеа дома, земаа плата и го чинеа буџетот 100 милиони евра.

Според законската формула, вработените по рамковните проценти добиваат понуда да одат во најпосакуваните државни органи. Тие што нема да прифатат, нема да добијат отказ, туку се префрлаат на некаква измислена трансфер листа. За тоа време се одмораат од првата понуда и размислуваат, а потоа им се дава втора понуда и пак ќе бидат замолени дали сакаат да работат во државни органи. Дури ако и втората понуда не ја прифатат, тогаш им престанува работниот однос.

Вакви привилегии, да се бира вработување во државни органи со дури две понуди немало за ниту еден вработен Македонец во самостојна Македонија. Македонците во сопствената држава стануваат граѓани од втор ранг.

Скандалозно е тоа што Зоран Заев ги претвора државните органи во испостави за вработувања на партиските војници на ДУИ.

Македонија ќе оди напред само кога Македонците ќе бидат свои на своето и законите ќе важат за сите. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг.

Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE