Пендаров: Заев е најнеспособниот премиер кој го имала Македонија

Прочитај за: 2 минути

Политичиот аналитичар и долгогидшен новинар и поранешен дописник од Словенија, Тодор Пендаров, посетите на Мицкоски и Николоски го смета за партиски кои се во духот на народните и конзервативни партии на Европа, иако се сретнале со премиери, тие служат за билдање на партискиот рејтинг.

Тој потенцира дека Заев и не можел да оствари многу средби поради пандемијата, истакнувајќи дека сите состаноци се одвивале виртуелно. Но, смета дека тој е најнеспособниот премиер што го имала Македонија.

Ова се исклучиво партиски посети за билдање на партискиот рејтинг. Иако Мицкоски се сретрна со премиерите на Унгарија, Словенија и Хрватска, тоа се средби на ниво на партија кои не се значајни за државата, туку за билдање на неговиот рејтинг кој е многу слаб. Ако сакаме да одиме напред, имаме еден проблем што треба да го решиме, а тоа е проблемот со Бугарија, односно да се откажеме од нашиот идентитет. За такво нешто сум против.

Клучот на нашиот пат кон ЕУ е Преспанскиот договор, кој апсолутно го поддржувам. Уште од порано, преку контактите со влијателни дипломати, ми беше речено дека не може да се надеваме да го употребуваме името Република Македонија кога го прифативме привременото име Поранешна југословенска Република Македонија.

За жал, во моментов го имаме најнеспособниот премиер, Зоран Заев, кој секој ден е контрадикторен со своите изјави, како денешната за вакцините дека Србија ја добила наклоноста на Русија и Кина оти не е членка на НАТО. А Дубаи (ОАЕ) е од екс-комунистичките држави што користи руска вакцина.

Ќе констатирам, или не не бива или не сакаме да не биде, вели Пендаров.

Во секој случај пријателствата се битни, затоа добро е кога тие се користат, без разлика дали почнуваат на партиско ниво. Сепак, секоја дипломатија бара активности и одлучности, во спротивно, пак ќе чекаме, а во таква ситуација,кога другиоте одлучуваат за нас имаме губитничка позиција.

Извор: Лидер

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE