Дојче Телеком и должи на македонската држава 350 милиони евра. Со камати од 2001 година до сега тој долг изнесува 700 милиони евра во кеш. Ова на својот фејсбук профил го напиша поранешниот генерален директор на Мобимак, фирма ќерка на Македонски Телеком АД Скопје, Јован Петровски кој на таа функција беше до 1-ви јуни 2005 година, пренесува порталот Во Центар.
Петровски објаснува: Ако смеам да бидам дипломатски коректен, Заев треба да и каже на Меркел, или покренуваме истрага со Американците ( кои едвај чекаат ваква работа) или смири го Борисов и неговата влада да не се мешаат во фашистичкиот дел на “ослободителите” за време на цар Борис!
Или преведено, Јован Петровски смета дека Заев има адут во рацете да и се јави на германската канцеларка Меркел и да ја потсети дека Дојче Телеком и должи на Македонија ( со се камати ) околу 700 милиони евра и дека германската железна дама треба да му каже на бугарскиот премиер Бојко Борисов да заборави малку на историјата сега кога Македонија треба да ги отпочне преговорите со ЕУ.
За што станува збор? Според пишувањето на Петровски на фејсбук се работи за огромен криминал. Криминал за кој имало истрага од ФБИ.
Повеќе >> Во Центар