Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е на испитувања во приватната клиника “Жан Митрев”.
Сега за сега не се превзема никаква интервенција, препишана е само медикаментозна терапија.
Констатирано е проблем со кардиоваскуларниот систем, но нема да има никаков оперативен зафат. Јанева цело време од нејзиното пристигнување во Клиниката “Жан Митрев” е во придружба на пет службени лица, кои што се постојано со неа и за време на испитувањата кои се прават и во собата што лежи.
Јанева е целосно изолирана во посебна просторија без присуство на други пациенти. Голема е веројатноста и вечерва да ја помине во Клиниката “Жан Митрев”.
Ова е прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта. Таа претходно од таму добиваше третман и терапија за нејзината состојба.
Адвокатите на Јанева претходно побараа мерката притвор да и биде заменета со мерка куќен притвор, но судот не го прифати ова барање.