Епидемиологот Драган Даниловски вели дека во првите пет дена вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек може да се пренесува со комерцијални возила за прехрамбени производи кои имаат ладилници.
Ваквото објаснување на професорот во „Студио10“ на 24 Вести следува откако бугарските медиуми објавија дека пренесувањето на вакцините во Пловдив и Бургас било организирано со комбиња за транспорт на виршли и колбаси, што наиде на критики на социјалните мрежи.
– Не знам кои вакцини ги носеле во комбиња, но таа на Фајзер и бионтек може да се чува во стандарден фрижидер најмногу пет дена. Веќе 30 дена може во касети со сув мраз а за да трае шест месеци мора да се чува на минус 70. Значи, не мора да се чува веднаш во специјален фрижидер, вели Даниловски.
Професорот вели дека во следниот период постои голем потенцијал да се развие црниот пазар на вакцини.
– „Европол“ предупредува дека има одредени движења на социјалните мрежи каде се подготвува црна понуда, тој црн пазар. Тоа нема да биде само шверц на автентични вакцини, ќе се нудат и лажни вакцини како многу ризична работа. За тоа треба да се отворат четири очи, смета тој.
Даниловски додаде дека во Македонија ќе пристигнат тие вакцини што ќе останат и „ќе се присобираат“ како донации и преку директни спогодби, како и од КОВАКС-програмата
Тој рече дека ќе се вакцинира ми дека до сега немало ниту еден смртен случај од примена вакцина, наспроти големиот сооднос на починати/заболени.
Инфо >> Медицина и здравје