Уште неинаугуриран, новоизбраниот шеф на државава, Стево Пендаровски, ги доживеа првите критики, и тоа од соседството. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска за телевизијата Пинк изјави дека Пендаровски без аргумент ги дал последните изјави дека Северна Македонија го признала Косово и поради стратегискиот интерес, но и затоа што Албанците се втората најголема етничка заедница во земјата, туку, според него, јужниот сосед тоа го направил само за да му се додовори на Западот.
„Тоа го направија само затоа што тоа е нивна стратешка ориентација, не поради Албанците.. Не држат тие аргументи бидејќи и Црна Гора го призна Косово, а таму Србите се втората етничка група во број. Каде е тука принципот? „Македонија не е фер кон Србија, затоа што Србија ја призна Република Македонија, иако тоа е спротивно на нејзините стратешки дефиниции, а една од нив е пријателство со Грција“, вели Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи за Србија.
Ова следуваше откако Пендаровски, во интервју за белградска Политика, односите меѓу Северна Македонија и Србија ги оцени како многу добри, што според него, е заеднички интерес.
Во ова интервју новоизбраниот претседател на земјава ја даде и изјавата за признавањето на независноста на Косово, на која реагира Дачиќ.
Пендаровски верува дека позицијата на земјава кон Косово не ги оптоварува односите на двете земји, и лично ќе вложи максимални напори за нивно развивање во позитивна насока. Се надева на брза средба со српскиот претседател Вучиќ.
https://youtu.be/hFZgnlHWU8E