Жанета Трајкоска: Зошто само и исклучиво мажи го пречкаа Папата

Жанета Трајкоска
Прочитај за: < 1 минута

„Фејсбук“ статус на Жанета Трајкоска

Папата слета. Го пречека државниот врв. Само и исклучиво МАЖИ! Дека нема ни ЕДНА жена од Влада, Собрание и од кај Претседателот која може да го пречека гостинот, не е достојна.

Жените може да бидат протокол, да носат леб и сол, да го пречекаат во ВИП ложата на аеродром, да замесат леб и да зачистат по пат.

Тоа е таа рамноправност и сенс за родова еднаквост. Страшно за мене колку НЕМАТЕ свесност за пораките што ги праќате сите вие вака наредени, убаии, налицкани, избањати и исчешлани…мажи! 21 век. Во земјата на северот од западниот дел на јужниот Балкан. Алал да ви е, само така – оТличен проект!!!

Жанета Трајкоска дипломирала новинарство на Интердисциплинарните студии на новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, во 1996 година. Завршила магистерски студии „Комуникација и менаџмент за културни политики“ на Универзитетот „Лумса“ во Рим, Италија, во 2004 година, на тема: “Медиумската концентрација и неговото влијание врз плурализмот во медиумите“.

Докторската дисертација на тема: „Карактеристики и значење на спинингот во креирањето на медиумската реалност и неговото појавување во Македонија“, ја има одбрането на политички студии на Правниот факултет во Скопје.4