Статус на Зоран Божиновски – Буревесник
СИСТЕМОТ НА ЛОПУЖАТА И ЧУДОВИШТЕТО
ДЕНЕС кога вие лично или ваш близок од семејство се бори за живот поради КОРОНАВИРУС или веќе имате загуба во семејството, не е лошо да се запознаете со ВИНОВНИЦИТЕ за несреќата која ве снашла или ве снаоѓа…
Ова важи и за сите оние кои загубиле близок кој претходно бил тешко хронично болен или имаат свој близок кој едвај преживува со бреме од тешка хронична болест. Еве и вие да си се запознаете до виновниците за несреќата која ве снашла или ве снаоѓа…
БУЈАР ОСМАНИ ЛОПУЖА, ДУИ, НИКОЛА ЧУДОВИШТЕТО ГРУЕВСКИ и ДПМНЕ се КЛЕПТОМАНИТЕ кои во 2009 започнале проект од 14 милиони евра за ИНТЕГРИРАН ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ чиј составен дел е ЕЛЕКТРОНСКА ЗДРАВСТВЕНА КАРТИЧКА. Системот ГО НЕМА, картичката ЈА НЕМА, парите се украдени а воспоставен е СИСТЕМ НА ХАОС кој ве носи по лавиринти на македонското здравство од кои излегувате само ако имате среќа. Ако немате, тешко боледувате или умирате…
Во прилог ви давам слики од картичката што ја нема, документи и еден линк во коментар. Документите се поврзани со ЛАГИТЕ НА ЧУДОВИШТЕТО во една од криминалните изборни кампањи кога брутално сте мамени дека ДУИ и ДПМНЕ само што не обезбедиле интегриран здравствен систем во кој за малку што не потекле мед и млеко. Читајте внимателно што и кога ви било ВЕТУВАНО. Ама никогаш остварено!
Во коментар под оваа објава имате линк кој води до веб страната на Фондот за здравство каде се поставени сите ,,ПРАВИЛНИЦИ,, поврзани со ЕЛЕКТРОНСКА ЗДРАВСТВЕНА КАРТИЧКА која не постои. Во реалноста постои ,,тетратка,, која се вика здравствена легитимација, со помал формат од претходната…