Статус на Петар Богојески:
“Бива ли до толку да сте слепи?!?
Некои на сликава гледаат роденден… други зграда… трети корона мерки…
Јас гледам историја!
До толку ли не гледате дека Али Ахмети на дневна основа создава историја… и тоа не историја на Македонија, туку историја на Албанците во Македонија и нивната улога во државноста на македонската Република на почетокот на 21от век!
Ако веќе гледате зграда, тогаш гледате во “новата албанска влада” во Македонија, водена од “прв заменик на официјалниот премиер”, која функционира автономно!
За ова ќе се учи еден ден во историските учебници и ќе има посебна глава “Улогата на Албанците во македонската Република на почетокот на 21от век”!
Етнонационализмот пред државниот национализам… нешто кое не го поддржувам! Нешто слично како ова македонскиве “патриоти”, кои немаат грам државотворност во себе! Македонските етнонационализми ќе ја докрајчат Македонија!
Бива ли до толку да сте слепи?!?”