Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. На емисијата беа изнесени повеќе негови ставови околу актуелната политичка ситуација, а она што е значајно за јавноста е екслузивната вест, а тоа е дека за рекордни 7 дена е ставен во употреба трговскиот центар „Глобал“ во 2008 година.
Најпрво, Николоски изрази загриженост за луѓето кои изгубија работа во Струмица.
– Во 2008 година Заев дозволи да се изгради дивоградба, за тоа доби помислување од тогашниот претседател Црвенковски, вели Николоски запрашувајќи како помилувањата од Црвенковски биле во ред, но не било истото и со помилувањата напретходниот претседател.
Според Николоски има непочитување на процедурите во процесот на градба уште од првичното одобрение.
– Истиот кој ја направил дивоградбата во 2008 година си ја легализирал самиот себе, вели Николоски за Радио Лидер.
Според Николоски чудно е како има добиено решение за градба за толку брзо време.
Повеќе >> lider.com.mk