Членови на семејства кои погребуваат починати од Ковид 19 се жалат дека плаќаат астрономски суми за да ги погребаат своите најблиски, и тоа не по нивен избор туку според протокол поради ширење на вирусот. Овие семејства се жалат дека се изложени на астрономски сметки за погребални услуги кои вклучуваат два ковчега: лимен и дрвен сандак. Според едно од семејството кое се пожалило вели дека пластична вреќа им е наплатена 1950 денари. Погребот на семејствата кои погребуваат починати од Ковид 19 ги чини двојно повеќе од погреб на лица кај кои коронавирусот не е причина.
На новинарско прашање дали Владата ќе им помогне на семјстевата кои имаат загуба на близок од Ковид 19, во однос на преземање на дел од трошоците бидејќи според протокол тие немаат избор како ќе се простат од своите најблиски, министерот за здравство Венко Филипче рече дека веќе разговарал со диркеторот на Погребналното претпријатие „Бутел“.
„Во однос на трошоците и до мене стигнаа информации и голема е навистина разликата во сметките. Јас разговарав со диркеторот на Погребалното претпријатие „Бутел“ тој ми објасни зошто се големи сметките, а тоа е заради дополнителната опрема која што ја даваат и од таму каде што ја набавуваат. Но со оглед на тоа што разговаравме за тоа дали може некако тие трошоци да се намалат, зема обврска диркеторот да направи анализа и во текот на утрешниот ден да не извести. Така што ќе ја известиме јавноста. Остави впечаток дека сака да излезе во пресрет, па сметам дека тука има простор да очекуваме цената да ја намали“, рече Филипче како одговор на новинарско прашање.
Извор: ММС