Имотот на Мијалков сигурно не е чесно заработен. Едноставно не можеш со директорска плата во УБК од 1200 евра да го изградиш најлуксузниот хотел во Скопје, да имаш нафтени компании, згради, кладилници, банки…
Само доколку го затвореа Сашо Мијалков и доколку му го конфискуваа имотот кој очигледно не го создал преку претприемништво – половина од буџетската дупка создадена од корона кризата ќе беше пополнета.
Само еден човек да паднеше, ќе беше спасена економијата.
Но не, тие одлучија да го прават коалиционен партнер, па сега дури и филантроп изиграва. Одлучија заедно со него да прават бизниси.
Украде милијарда евра од народот, за сега да му донира тестови во вредност 50.000 евра. Па уште, создавал трајни вредности вели!
Ех моја Македонијо – и име, и јазик, и идентитет и леб, се ќе изгубиш поради ваквите валкани тајкуни и нивните марионети на власт!