[Видео] Александрова: Ќе поднесеме закон со кој бараме забрана за греење на дрва

Прочитај за: < 1 минута

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе поднесе закон, кој предвидува сет мерки против загадувањето, а ќе почне да важи од 2021-ва година, со кој е предвидено 50 проценти да се намали загаденоста во Скопје.

Како што рече пратеничката Емилија Александрова, со законот ќе бараат забрана за греење на дрва и целосна екологизација на институциите и домовите.

„Со овој закон ќе иницираме да престане да се користи јаглен, нафта, мазут, како и греењето на дрва. Ќе бараме бесплатни печки на пелети, субвенционирана цена на пелети, приклучување на сите институции на системите за топлификација, а јавниот превоз, односно автобусите да бидат на метан или на електричен погон. Истото ќе важи и за такси превозниците. Согорувањето на масло, гуми да биде кривично дело и да се стави забрана на увоз и согорување на отпад“, рече Александрова.

Ги повика сите политички чинители да дадат поддршка на законот за да може да го донесе овој парламентарен состав до распуштањето на Собранието.

SHARE