Амбасадите на Русија во Скопје и во Софија излегоа со контрадикторни пораки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Амбасадата на Русија во Скопје „срдечно“ им го честиташе на македонските браќа „нашиот заеднички празник Денот на Светите рамноапостолски Кирил и Методиј, сесловенски просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост, кои му дадоа на словенскиот свет азбука и ги поставија темелите на словенските литератури!“
Амбасадата на Русија во Софија пак, го честиташе Денот на светите браќа Кирил и Методиј, денот на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност.
Новинарот Миленко Неделковски споделувајќи ги контрадикторните честитки на неговата фејсбук страница иронично искоментира: Дај бе, решете се. Чии се браќава?