Новинарката Јорданка Ивановска Јоци побара од актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска да си замине од функцијата затоа што нејзините постапки се невидени досега, особено во последните 20 години.
-Втор понеделник по ред, #Данела #Арсовска и ,,Комунална хигиена”, која е во нејзина надлежност, не собираат ѓубре во дел од Козле во делот на индивидуално домување!
ВТОР!!
Никогаш досега, наназад 20 години откако беа воведени канти – не се случило два понеделника по ред да не е собрано ѓубре!
Вакво нешто немаше ни со Пенов, Трифун, Шилегов, камоооли со Коце!
Прво поделија некакви ливчиња за менување на час, а сега НИКАДЕ ГИ НЕМА КОМУНАЛЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ да го соберат она за кое плаќаме и преплаќаме ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД СТАНАРИТЕ ВО КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ!
Сигурно не мисли оваа дека ќе плаќам 1.300 денари месечно и ќе и` ќутам!
Женава, која за три месеци успеа да се изгуби на Уран, нема ронка капацитет да се носи со елементарни ствари кои две децении биле беспрекорно организирани и традиционално востановени, далеку пред неа!
Јавашлак, мрзеливост, неспособност, хаос и идиотска неорганизираност во секој поглед се мали описи за плавушава!
Оди си, Арсовска!
Не те бива за ништо!
Пресиса!
ПОРКА МИЗЕРИЈА!, пишува Ивановска на нејзината фејсбук страница.