Тетовска Шкендија ќе игра во Европа после освоениот бод во скоро двоипол часовното жесшко дерби со Шкупи кое заврши без голови.
Срамното дерби со безброј прекини, кое имаше предигра со нападот врз фудбалерите на Шкупи пред стадионот, продолжи со дивеење на гледачите пред стартот на вториот дел кога Артид Иљази беше погоден со камен во глава, па домашните навивачи со пиротехника направија нов прекин само што почна вториот дел, за да продолжи хаосот со прекин зашто помошникот беше удрен со тврд предмет, а да заврши со меѓусебна тепачка на фудбалерите на двата тима.
Инцидентите започнаа уште пред почетокот на наптреварот, но намесо страстите да се смират, како течеше дуелот Шкендија-Шкупи тие се разгоруваа. Претходно, полицијата на излезот од Скопје спречи поголема група навивачи на Шкупи да заминат за Тетово.
Тетово дека е лош домаќин се потврди и со моментот кога го навредуваа најдобриот играч во ПМФЛ на расна основа. Со мајмунски крици од трибините беше „поздравен“ Сандеј Адетунџи, најдобриот играч на Шкупи оваа сезона.