Македонската натпреварувачкана изборот на песна на Евровизија Андреа Коевска направи сериозен гаф пред настапот во Торино откако, при позирање, го фрли македонското знаме на земја.
Андреа им позираше на камерите со знамето, а потоа очигледно сакаше да направи поза без знаме. Место да го подаде на некого, таа го фрли црвено-жолтото знаме на земја, по што продолжи да позира.
Ова е најнов гаф на нашите претставници. Тамара мораше да се извинува на публиката откако ги скокна строфите на химната во кои се спомнуваат илинденските јунаци – очигледно во обид да не се замери на Бугарија. Васил Гарванлиев вметна бугарско знаме во својот спот, по што потврди дека има и бугарски пасош, а сега ова.
Кај ги наоѓате бе вакви да ја претставуваат земјава на Евровизија, а немаат никаква почит кон нејзините основни одбележја? Кажете кај ги наоѓате? Секоја година нов резил. Аман веќе… 🤬
Внуциве мои знаат дека знаме не се остава на земја… а она го фрла бе
Немаш поддршка. Толку! pic.twitter.com/23I15k9jMB— Aна Дукоска #ЈасСумМакедонка🇲🇰 (@dukoska_ana) May 8, 2022