Предавањето на Љубчо Геориевски кое денес требаше да се одржи во Војниот клуб во Софија беше откажано откако на настанот се појави бугарскиот националистички водач Ангел Џамбазки со неговата придружба. Организаторите кои се од нвооформираниот клуб за пријателсво меѓу Македонија и Бугарија, во кој се приклучија Георгиевски и владо Бучковски, побараа од Џамбазки да си замине затоа што немал покана
Љубчо Георгиевски е мој пријател, се објаснуваше Џамбазки со организаторите кои од него бараа да си оди. „Ова беше најавено како отворена дискусија, ние дојдовме да ги слушнеме предавањата, и да дадеме свои прашање. Многу демократски од ваша страна“, изјави тој откако продолжија барањата да си замине.
Џамбазки потоа срдечно се поздрави со Георгиевски и го праша зошто не сака да се качи горе за најавената дебата, но Георгиевски се вадеше на ставот на организаторите дека настанот нема да почне додека тие не си заминат. Георгиевски главно стоеше на страна за време на целиот настан, додека Џамбазки се расправаше со писателот Стефан Дечев, кој требаше да биде соговорник на Георгиевски. Џамбазки посочуваше низа проблеми со кои се соочуваат Бугарите во Македонија – апсењето на новинарот Мирослав Ризински, пријавата што партијата Левица ја поднесе против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола и транспарентите кои беа истакнати при отворањето на клубот.
Погледнете видео од целиот настан
Џамбазки сега е еден од лидерите на партијата ВМРО-БНД, по повлекувањето на Красимир Каракачанов од неа. Тој неодамна наиде на силни критики откако направи нацистички поздрав сред Европскиот Парламент.
[…] […]
Comments are closed.