Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци ги предупредува Македонците да внимаат со својата стратешка определба и да не се обидуваат да се приклонат кон Русија. Според Јоци, ваквото размислување може да има сериозни последици, а Македонија да западне во страшна криза.
Македонскиов народ, кој си куцка глупости на ФБ со пиво, ракија и чипс, изгледа заборави како Полјаците, кои беа дел од ,,источен блок” под СССР, во Грчка продаваа ножиња, чадори и отворачи за шишиња, за да купат леб за јадење. Ако продужите да влегувате во филм како ,,путјин е прејак” и да ги бодрите тие монструозни војни недалеку од нас, може ќе ви се оствари желбата еден ден да живеете на свеќа, да носите гунче ко у 15 век и да јадете леб и маст. Многу нешто војнава ви личи на видео игра…досадно ви е по папучи, напиша Јоци.