Јанко Бачев од Единствена Македонија им испрати одговор на пријавата за ширење наводен говор на омраза која ја доби од претставници на Бугарите во Македонија. Пријавата против Бачев е поднесена од адвокатот Бурим Сарачи во име на бугарската организација Дело, која го обвини за следната изјава –
Наместо ние да ги гониме што тука и во Софија ја бербатат Македонија и Македоцните, тие почнаа да не гонат. Здружението на бугарите во Македонија „ДЕЛО“ ми поднесе пријава за говор на омраза за постот кој го гледате на сликата. #Бачев #морадасијавратимедржаватaназад, напиша Бачев.
Во одговорот на пријавата, поради која може да се соочи со кривична пријава, Бачев вели дека „подносителот и останатите бугарски организации во Македонија отворено го негираат постоењето на македонскиот народ, јазик, историја и култура што има за последица големо вознемирување врз дискриминаторски основи на еден цел народ. Дури, при нивната средба во Софија со бугарскиот државен врв најавена е и парична помош од Бугарија за нивните антимакедонски активности кои во суштина значат повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација со директна негација на се што е македонско“.
Погледнете го целиот одговор на Јанко Бачев на неговиот Фејсбук профил.