Новинарка Јорданка Ивановска – Јоци ја прозива градоначалничката на Скопје Данела Арсовска затоа што наводно вработила лице осомничено за напад врз жени. Пораката Јоци ја упати на Денот на жената
Градоначалничката на Скопје, #Данела #Арсовска, честитала 8.Март преку спот со вработени жени во Противпожарна бригада.
ℹ Сето тоа е убаво, но уште поубаво би било за Денот на жената, да го потврди или демантира Арсовска следното прашање:
? Дали Саша Димиќ, екс директор на ЈСП во време грујово, кој поднесе оставка на функцијата по кривичната пријава за претепана жена, работи нешто сега во Град Скопје или во било кој сектор/претпријатие?
? Поточно, дали Димиќ, кој своевремено имаше околу 15 кривични пријави, а сега вработените го гледаат како се шуња во Градот и не знаат што функција има овој лик, Арсовска го донела да работи за неа?
? Ако одговорот е ,,да”, ќе следуваат други прашања.
Чекаме одговор за 8.Март околу ликов, за кој медиумите наголемо пишуваа дека претепал вработена жена во хотел во ,,Маврово”.
Што стана потоа, не знаеме…го снема и еве го пак се појави и физички и како муабет во 2022.