Бензинот може да поскапи за уште десет денари само во текот на оваа недела, предупреди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски
Се случи ценовен шок, верувајте оваа не е цена која ќе остане. Имаше денеска една чудна изјава каде секој ден за ден ќе има изјава од РЕК колку ќе поскапува дизелот и бензинот. Јас имам некои информации дека можеби за 10 денари плус само оваа недела би пораснала. Но, јас да не ги плашам граѓаните има регулаторно тело кое што треба да излезе и да го каже сето тој, рече Мисајловски.
Мисајловски посочи дека од власта неколку пати веќе ги уверуваат граѓаните да не се грижат дека се е под контрола за да вчера бензинот се качи за 5.5 денари, а дизелот за 10 денари. Тој додаде дека давачките на едно литро бензин е околу 43% е од 90-тина денари одат за државата. Поради тоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пара околу 50% да се намалат тие давачки и тоа значи дека со оваа цена околу 13 денари по литар ќе биде поевтина цената.