Поранешната потпретседателка на СДСМ и универзитетски професор Фросина Ременски во објава на нејзината фејсбук страница открива кој полициски функционер со потпис на Сашо Мијалков станал „незаменлив пензионер“ кого пак, истовремено го означува и како личност која имала важна улога во медиумски експонираните случаи во 2019 година меѓу кои најактуелен беше случајот Рекет во кој медиумски беше споменувана и самата Ременски, но беше опфатена со обвинението.
-Кога Сашо Мијалков ќе се потпишел на хартија тоа станувало обврска и ‘закон’ над сите закони. Ма какви закони, какви бакрачи – законот е за обичните смртници !“ – вака шепотат извршителите кои исполнувале желби на тој што раздавал привилегии и права над законите.
„Еј, се бараше дозвола за опремување на Клинички центар од него. Не е тоа мала работа за човек со таков углед и авторитет“! – ќе додадат тие што барале дозволи.
Оваа вистинита увертира во вториот дел од приказната „Како го зезнавме Прибе“ со парламентарниот надзор е континуитет на првата. Тоа е слика и прилика за „јавната тајна во кругот на МВР“ (сега и пошироко), помеѓу генерациските колеги, според кои САМО ЕДЕН во МВР бил ПРИВИЛЕГИРАНИОТ што со потписот на Сашо Мијалков и потврдата од втората виолина Гордана Јанкуловска, стана НЕЗАМЕНЛИВИОТ „ПЕНЗИОНЕР“ – г-нот Сиљан Аврамовски!
Заради кумската врска (по брат) на Трајко Вељановски кој претседаваше со Комисијата за надзор со Сиљан Аврамовски, воопшто немав илузии дека овој случај ќе биде иницијатива за надзор во УБК. Не се излажав.
Улогата на „ПЕНЗИОНИРАНОТО ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА ОПЕРАЦИИ И ГЛАВНИОТ РЕФОРМАТОР“ и неговите „претпоставени“ е една од поважните, да се разбере контекстот на СИТЕ медиумски експонирани случаи ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ОСМЕЛИЈА во тоа „жешко лето 2019-то“!!, пишува Ременски.
Целата објава на Ременски прочитајте ја тука.