Преговарачката „војна“ помеѓу Македонија и Бугарија нема туку така и брзо да се заврши дури ако се земе предвид и дека португалскиот предлог е само предлог и појдовна точка. Лично сметам дека бугарските апетити ќе одат само во поугорна линија се додека не се дојде до црвените линии, кои за жал ние слабо ги браниме, вели аналитичарот Агин Јонуз во разговор за Локално.мк.
Според Јонуз апсурдно е да се зборува за „најдобро“ решение затоа што ниту едно решение кое задира на штета на македонскиот идентитет, историја и посебност е компромис на штета на македонскиот народ и држава.
Истовремено, додава тој, апсурд е да се помисли дека бугарската страна после се ќе се одлучи да се повлече од своите ставови ако се земе во предвид дека политиката на официјална Бугарија е децидна.