Павле Богоевски, поранешниот пратеник избран од листата на СДСМ и еден од водачите на Шарената Револуција, оцени дека Македонија нема избор и мора да постигне договор со Бугарија. Во жестока дебата со активистот на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски, како и со македонско-бугарскиот активист Ѓорѓи Трендафилов, Богоевски рече дека Македонија мора повторно да покаже разум и да бара некаков компромис.
– 84 посто (од граѓаните на Бугарија) го поддржуваат ставот на бугарските политичари, и тоа е проблем, изјави Богоевски.
– Зошто гласаше за договорот за добрососедство?, праша Илиевски.
– Бидејќи е единствен начин на кој што може да се решат проблемите, одговори Боговски, по што побара Македонија да покаже разбирање за бугарските ставови. „Како мислиш во Бугарија бугарската јавност го прима ставот кога нашите политичари викаат дека Гоце Делчев е само македонски револуционер? Ти сакаш да се занимаваат со проблемот на начинот на кој ти сакаш да се занимаваат. Тоа е проблемот. Од двете страни влегуваат луѓе што размислуваат како тебе, што мислат дека само тие се во право… Историската комисија е единствен начин да се реши проблемот“.
Жестоката дискусија меѓу Богоевски и Илиевски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 можете да ја проследите тука –
https://youtu.be/iSDTqhKpAhs?t=669