За време на посетата на фабриката Текстил Солушн, премиерот Ковачевски се сретна со работникот Полику Авдиу, кој ја испофали минималната плата од 18,000 денари и рече дека се вратил од Германија да биде текстилен работник во Македонија.
Јас сум задоволен. Јас 18 години работев во Германија. Ја напуштив Германија. Ме донесе среќата во оваа компанија, пред осум години се запослив и мислам дека условите ги најдов исто како во Германија. Младите викаат идеме во Германија ама и животот таму не е како што мислиме ние. Сега 18.000 денари мислам дека не е многу, ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини и продуктивноста ќе расте, рече Авдиу.
Неговата изјава предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, од граѓани кои велат дека со 18,000 денари не може да се преживее.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=50&v=M-JpPxQrLhY&feature=emb_logo