Украинските територијалци Лесја и Валери Филимонов се венчаа на борбената линија кај Киев во неделата.
Градоначалникот на Киев Витали Кличко присуствуваше на среќниот настан – и тој, и невестата и младоженецот, како и скоро сите сватови, беа облечени во маскирни униформи.
Ukrainian civil defence volunteers celebrate military wedding at check point near Kyiv https://t.co/a0znlybyPR pic.twitter.com/XCrxPf4BWX
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 7, 2022
Тешко е да се чувствувам среќна во овој момент, но секако ми се крена духот, рече Лесја во разговор со Хафингтон Пост.
Пред војната, Лесја била водач на извидничка организација, а Валери работел во технолошка компанија. Двајцата биле регрутирани во украинската територијална одбрана.
По давањето на свечената заклетва, сите собрани извикале „слава на Украина, слава на хероите, смрт на непријателот!“