Украинските власти размислуваат јавно да се откажат од можноста за членство во НАТО, во надеж дека тоа ќе ги намали тензиите со Русија и ќе ја одбегне очекуваната руска инвазија.
Украинскиот амбасадор во Германија Вадим Присталко во разговор со Би-Би-Си изјави дека Украина е подготвена „да биде флексибилна“ во врска со членството во НАТО.
Можно е да бидеме флексибилни, особено имајќи предвид како ни се закануваат, како не уценуваат и не притискаат, изјави Присталко.
Досега Украина инсистираше дека има право самата да реши дали сака да биде членка на НАТО, без притисоци од Русија. Русија бара Украина да се откаже од можноста за членство во НАТО и да им даде автономија на регионите Донетск и Луганск, кои се населени главно со Руси. Русија концентрираше над 140,000 војници на границата со Украина, а САД упорно предупредуваат дека Русија планира да нападне во текот на зимата, додека европските земји се зависни од испораките на руски гас.