Контроверзниот колумнист Бранко Тричковски повикува на самоиницијативно менување на македонската историја, и сфаќањето за улогата на Македонците во неа.
Треба да станеме уривачи на нашата сопствена историја, потпирајќи се само на нашата сегашност, затоа што токму историјата претставува наша наследна оптовареност, ни наметнува вештачка претстава за нас, не присилува да бидеме слични на историскиот извор, наместо да живееме со сопствената стварност. Ние не можеме да останеме Македонци врз основа на историјата и саморазбирањето какви што ги имаме утврдено. Милион пати сум пишувал за тоа. Не затоа што така вика Бугарија, туку затоа што тоа е така. Способноста тоа да се сфати е откровение и подвиг. Останувањето на сегашните позиции е наркозависност која денес или утре ќе заврши трагично. Вмро, не овие говњари од дпмне, туку идејните оператери, нѐ држат на тоа ниво само затоа што ја знаат неговата смртоносна димензија, а класичните, академски, универзитетски и граѓански македонисти, ги држат позициите од опортунизам, срам и надеж дека макар и за кратко може да се профитира, бара Тричковски, во неговата колумна за Фронтлајн.