Групата Проект Веритас, која е специјализирана за скришно снимање на американски новинари, политичари, и пред се вработени во големите технолошки компании, постигна уште еден голем успех. Агентка на групата тајно сними високо поставен инжењер во гигантската социјална мрежа Твитер, кој откри дека вработените внатре се крајно политички пристрасни.
Твитер се претставува како независна организација која им дозволува на сите граѓани, независно од нивната политичка ориентација, слободно да коментираат. Но оваа приказна почна да се распаѓа за време на изборите во 2020 година, кога Твитер го блокираше профилот на Доналд Трамп и спречи објавување на една исклучително штетна сторија за неговиот противкандидат Џо Бајден – во која се открија длабоките корупциски врски на неговиот син Хантер Бајден, во Украина.
Милијардерот Илон Маск сега се обидува да го купи Твитер за 44 милијарди евра, и ја наведува пристрасноста на компанијата и нејзиното мешање во политичките процеси во САД и низ светот како главна причина.
„Твитер не верува во слобода на говорот. Илон верува во слобода на говорот. Тој делува капиталистички, а ние сме многу повеќе социјалистички настроени. Сите таму сме комуњари до даска. Ги цензурираме десничарите, но не и левичарите. Точно е дека сме пристрасни. Моите колеги го мразат Илон. Мене ми е ок, но некои од моите колеги се супер супер супер левичари. И јас станав левичар откако почнав да работам Твитер, таква е компанијата“, вели соговорникот Сиру Муругезан, кој тајно бил снимен.
https://twitter.com/bennyjohnson/status/1526340064388734977